• Горан Упале

Натпреварот од 18. коло во Евролигата меѓу Фенербахче и Реал Мадрид во Истанбул е одложен.
Причината е преголемиот број на заразени кошаркари во мадридскиот тим, поради што шпанскиот гигант на располагање има само седум играчи. Евролигата го прифати барањето на „кралевите“ и натпреварот, кој требаше да се одигра в среда, очекувано е одложен и ќе добие нов термин.
Реал има одлична сезона во европската елита и е втор на табелата со скор 14-3, додека Фенер е десетти со 7-10.