• Горан Упале
Екипата на Реал Мадрид извојува убедлива победа над Асвел со 85-72 во третото коло од Евролигата. „Кралскиот“ клуб со тоа го оствари својот втор триумф во елитното кошаркарско натпреварување, по поразот на стартот од Виртус Болоња.
Најефикасен играч кај победничкиот тим беше Чима Океке со 17 поени, Треј Лајлс додаде 12, а Марио Хезоња 11. На другата страна, се истакна Едвин Џексон со 16, додека Мади Нгомуа постигна 12 поени.
Споменатата Болоња, по триумф над мадридскиот гигант, го впиша вториот пораз, откако на гостувањето во Париз беше надиграна и совладана со 90-79. Парижани и покрај големите промени кои што ги претрпеа ова лето играат одлично сезонава и за нив ова беше втор триумф.
Најзаслужни за тоа беа Нифи со 20 поени и Мбаје со 12, додека за поразениот тим одличен беше Морган со 21 поен, а двоцифрени беа уште Едвардс со 11 и Нианг со 10 поени.





