Реал Мадрид го купи МВП-кошаркарот на Ендеса лигата

Еден Аргентинецот заминува, друг доаѓа во Реал Мадрид. Откако најкорисниот кошаркар на финалето на Ендеса лигата меѓу „кралевите“ и Барса, Факундо Кампацо потврди дека ќе побара нов предизвик, шпанскиот шампион на повидок е да доведе уште еден „гаучос“ во своите редови.

Имено, медиумите блиски до Реал Мадрид објавија дека соиграчот на Димитријевиќ, Николас Лапровитола ги договори сите детали со клубот и наскоро неговиот трансфер ќе биде официјализиран. Лапровитола е МВП на регуларниот дел од сезоната во Ендеса лигата, а „кралевите“ ќе ги чини 200.00 евра, колку што ќе добие Хувентуд за обештетување.

29-годишниот Аргентинец треба да биде еден од лидерите на аргентинската репрезентација на Мундобаскетот во Кина во септември оваа година.