Реал Мадрид го доведе и светскиот шампион Давид Крамер

Германецот Давид Крамер е официјално нов играч на шпанскиот кошаркарски гигант, Реал Мадрид. 

Најтрофејниот европски клуб го доведе Крамер од редовите на Тенерифе, за кој минатата сезона просечно постигнуваше по 12 поени. Новото засилување веќе беше претставено на официјалниот клупски веб-сајт. 

Крамер е светски шампион со Германија од 2023 година, а со неговото доаѓање Реал добива уште поширока ротација на надворешните позиции. 

Пред само неколку денови, мадриѓаните потпишаа договор и со Французинот Тео Маледон. 

ФОТО/PHOTO: Real Madrid Basket