Реал Мадрид е пред потпис со засилување директно од НБА лигата

Американецот Ентони Гил се очекува да ја продолжи својата кариера во редовите на европскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид. Крилниот центар неодамна остана без ангажман откако Вашингтон Визардс решија да не му понудат нов договор, со што ставија крај на соработката која започна во 2020 година.

Гил не е непознат на европската сцена. Тој во минатото настапуваше за турскиот Јешилгиресун и рускиот Химки, каде што се истакна како исклучително тимски ориентиран играч. Станува збор за поранешен студент на реномираниот тренер Тони Бенет на Универзитетот Вирџинија, а иако наскоро ќе наполни 33 години, неговата желба е да најде средина во која ќе има поголема минутажа и стабилна улога.

Токму тоа би можел да го добие во Реал Мадрид, каде што совршено се вклопува во концептот на новиот тренер Серџо Скариоло. 

Проблеми со повреди го забавија неговиот напредок низ кариерата, но се верува дека може многу да му понуди на „кралскиот“ клуб.