Реал имаше +18 по првата четвртина, ама се намачи за победа над Монако

Кошаркарскиот гигант Реал Мадрид брзо го заборави болниот пораз од гостувањето кај Олимпијакос и пред својата публика ја забележа втората победа во новата сезона на Евролигата. 

Иако се очекуваше до истата да стигне поубедливо и без многу мака, а тоа го најави во првата четвртина, шпанскиот претставник на крај мораше да се помачи за конечна победа од осум поени разлика 94-86.

Дуелот во Мадрид започна со моќна игра на „кралевите“ и убедливи +18 по првите десет минути (30-12). Но, францускиот тим не се предаде и во продолжението заигра далеку поквалитетно и ги доби следните две четвртини, додека во финишот од натпреварот стигна и до израмнување, ама Реал не дозволи нов шок и со сигурна игра во финишот се избори за втора овосезонска победа во елитата. 

 Во таборот на мадриѓани најпрецизен беше Јабусе, со 18 поени, а него го следеше Хуртел со 13. Кај Монако се истакна американскиот кошаркар Џејмс со 24 поени. 

Европскиот вицешампион Барселона остана максимална, откако по продолженија го совлада Олимпијакос во „Палау Блауграна“ со 79-78.