• Зоран Мишевски
Кошаркарската секција на Реал Мадрид го освои првиот, историски Суперкуп на Евролигата. Во големото финале одиграно во Абу Даби, „кралевите“ го совладаа грчкиот великан Олимпијакос со резултат 93-89. Со оваа победа, кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да му се одмаздат на Олимпијакос за поразот во финалето на Евролигата во Атина минатата сезона и на најдобар можен начин да ја отворат новата натпреварувачка сезона 2026/27.
Центарот на Реал Мадрид, Валтер „Еди“ Таварес, беше прогласен за најкорисен играч (МВП) по одличните партии во полуфиналето и финалето.
Во полуфиналето, Реал Мадрид по голема драма и продолженија го совлада тимот на Дубаи со 98-95, додека Олимпијакос беше подобар од Фенербахче со 92-90.
Овој премиерен „фајнал-фор“ турнир од Суперкупот се одржа во арената „Етихад Арена“ во Абу Даби.






