Реал го „преспа“ вториот дел, Родригез лидер во пресврт-победата на Милано

Милано

Кошаркарите на Реал Мадрид се опуштија во вториот дел и испуштија бодови на гостувањето кај Олимпија Милано (78-70).

Еторе Месина ја мотивираше својата екипа на паузата, која максимално ги послуша неговите совети и излезе со различен пристап во второто полувреме. Првиот дел донесе доминација на мадриѓани, кои заминаа на навидум сигурни +11.

Многу работи се промени во третите десет минути. Италијанскиот клуб целосно ја анулира разликата, а ја отвори завршната четвртина со серија од 8-0. Тоа го отвори патот кон победата, која изгледаше невозможна на почетокот.

„Кралевите“ се опуштија и можеби го потценија противникот, а тоа им донесе трет пораз оваа сезона. Милано, пак, продолжи да оди во нагорна линија на табелата во Евролигата.

Шпанецот Родригез со 25 поени беше прво име кај победничката екипа.