• Мартин Танасковски

Екипата на Реал Мадрид на домашен терен славеше над Панатинаикос (83-68) и така го одржа чекорот со лидерот Олимпијакос во Евролигата.
„Кралевите“ ја оправдаа фаворитската улога и ја запишаа 15-тата победа сезонава. Со скор 15-11, шпанскиот тим е изедначен со лидерот од Пиреја. Јабузеле со 16 и Хезоња со 14 поени беа најдобри кај победникот, додека кај грчкиот тим не помогнаа 17 поени на Ли.
Анадолу Ефес фати приклучок кон зоната која води во плеј-офот со победа над Жалгирис (80-70). Клибурн беше лидер кај поентерите со 19 поени кај Ефес, додека во литванскиот првак не помогна добрата партија на Браздеикис со 25 поени.
Француски Монако направи „брејк“ кај Алба Берлин (84-102). Ветцел имаше 17, а Просида 16 поени, додека кај „кнезовите“ најдобар беше Мотиејунас со 22 поени.