• Зоран Мишевски

Реал Мадрид е третопласиран сезонава во Евролигата, откако во натпреварот на поразените полуфиналсти, попладнево во Виторија го совлада Фенербахче со 94-75.
- Извештај од натпреварот:
Шпанците почна со ветераноте Рејес во стартниот тим и повратникот по повредата Љуљ. Во првиот период Реал Мадрид создаде +14 и го оневозможи тимот на Обрадовиќ да постигне многу поени.
Сепак, водени од Слукас, Турците се вратија и во последната минута од вториот период првпат поведоа (40-38). Поквалитетниот ростер на шпанскиот тим, наспроти Фенер без два-тројца стартери се одлепи и Керол и Томкинс донесоа +6 на влезот во последниот период.
Турците се предадоа, следеше серија 10-2 и Реал Мадрид лесно го доби малото финале со 75-94.
Најефикасен поединец кај Фенербахче беше Слукас со 15 поени, а во таборот на Реал Мадрид одличен натпревар одиграа Ајон со 23 и Кампацо со 12 поени и 15 асистенции.
Големото финале меѓу Анадолу Ефес и ЦСКА Москва се игра вечерва од 20.30 часот.