ВИДЕО: Реал го доби европското „Ел Класико“ против Барса, Макаби ја „збриша“ Басконија

Љуљ

Реал Мадрид го доби големото дерби против Барселона (86-76) во осмото коло од Евролигата.

Во меч со многу пресврти, кошаркарите на Пабло Ласо извојуваа голем триумф за трет успех на европска сцена во низа. Каталонците имаа свој период во натпреварот, но немаа одговор на расположените „кралеви“ во второто полувреме.

  • Реал Мадрид - Барселона 86-76:

Рендолф со 14 поени ги предводеше стрелците кај домаќинот, а во ѕвездениот тим на Светислав Пешиќ се истакна Миротиќ со 19 поени.

Убедлива победа на гости запиша Макаби Тел Авив кај Басконија (83-113), Алба Берлин по продолжението го совлада ПАО (105-106), а Анадолу Ефес и Химки ги израдуваа домашните навивачи против Зенит, односно Армани Милано.

  • Басконија - Макаби Тел Авив 83-113: 

Панатинаикос - Алба 105-106: 

  • Анадолу Ефес - Зенит 90-88: 

Преостанатите пет натпревари од осмото коло на Евролигата се играат во текот на утрешниот ден.