ВИДЕО: Реал го декласира Химки и најверојатно го остави без плеј-оф

Реал Химки

Бранителот на титулата во Еврлигата, Реал Мадрид, со убедливо издание го победи Химки Москва и тоа на гостински терен во Русија (75-100).

Кошаркарите на Пабло Ласо до третиот период направија 20 разлика, а потоа имаа рутинска завршница за 20-та сезонска победа. Единствена црна дамка од денешната средба за „кралевите“ е повредата на Густаво Ајон кој порано го напушти теренот.

Извештај од натпреварот: 

Фабиен Козер со 22 и Руди Фернандез со 15 поени беа најдобри кај победничката екипа, а кај домаќинот се истакна Алексеј Швед со 21 поен.

14 тројки на Реал Мадрид во Русија: 

Шпанскиот гигант ја продолжи битката за највисокото место на табелата со Фенербахче и ЦСКА Москва, а рускиот претставник по овој пораз најверојатно ги загуби шансите за плеј-оф завршницата.