• Зоран Мишевски
Последниот учесник во плеј-офот на Евролигата е тимот на Реал Мадрид. „Кралевите“ успеаја да го совладаат Баерн Минхен во последниот квалификациски плеј-ин натпревар со 93-71 и го оставија зад себе поразот во вторникот од Париз.
Карсен Едвардс е повреден и вечерва не можеше да им помогне на соиграчите во Мадрид, но и со него во ритам, тимот на Гордон Херберт вечерва би имал големи проблеми. Исцрпеноста на кошаркарите на Баерн беше очигледна по натпреварот против Црвена Звездав и вечерва не беа на високо енергетско ниво.
Хезоња запиша 19 поени за Реал, Муса додаде 14, Абалде 13, а Кампацо 12 поени. Најдобар кај Баерн беше Напиер со 19 поени, но имаше и четири загубени топки.
Двојките за плеј-офот во Евролигата се: Олимпијакос - Реал Мадрид, Фенербахче - Париз, Панатинаикос - Анадолу Ефес и Монако - Барселона.