Реал беше пред дебакл, но се избори за пристоен пораз од Барса во Евролигата

Малку фалеше големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид да заврши со вистински дебакл за „кралскиот“ клуб. Во дербито на вечерта во рамките од петтото коло на Евролигата шпанските гиганти одиграа возбудлив натпревар во „Палау Блауграна“, во кој домашната екипа по првите 20 минути имаше позитива од 21 поен, но на крај извојува победа од 79-72.

  • Барселона - Реал Мадрид 79-72:

Каталонците по израмнетиот прв квартал одиграа неверојатни втори десет минути. Речиси при секој напад реализираа и на еден начин го решија прашањето на победникот на ова дерби (30-13). По одморот Реал Мадрид заигра поангажирано и од минута во минута ја намалуваше негативата, но немаше сили за целосен пресврт и заслужено загуби со седум поени разлика. 

Курич од Барселона со 15 поени беше најпрецизен на популарното „Ел Класико“, додека кај Реал се истакна Томпкинс со 14 поени.

Од вечерашната програма на Евролигата се одиграа уште два натпревари во кои Баерн извојува голема победа над Олимпијакос, додека по продолжението Макаби славеше на гости кај Химки. 

Барселона и Жалгирис се водечки екипи по неполни пет одиграни кога во Евролигата.