• Саше Љолес
Евролигашот Баерн Минхен продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најновото име во германскиот клуб е Маржон Боучемп. Американскиот кошаркар пристигнува од Филаделфија 76ерс, со пристојно искуство од НБА лигата.
Управата не ги објави деталите од договорот со 25-годишниот крилен играч, кој во Минхен треба да донесе дополнителна енергија и квалитет на двете страни од теренот.
„Баравме играч кој може да влијае на играта на повеќе начини, а Маржон го нуди токму тоа. Тој е одличен дефанзивец, но и разновиден во нападот. Има силен продор кон кошот, може да ја забрза играта, но и да преземе улога на плејмејкер“, изјави спортскиот директор на Баерн, Торстен Лајбенат.
Боучемп минатата сезона во дресот на Филаделфија просечно постигнуваше 6,8 поени, 2,3 скока и 1,1 асистенција по натпревар. Дел од сезоната ја помина и во развојниот тим на Џи-лигата.
Во НБА кариерата настапуваше и за Њујорк, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки, кој го избра како 24-ти пик на драфтот во 2022 година.
Сега Боучемп за првпат ќе се обиде во европската кошарка, а во Баерн очекуваат младиот Американец брзо да се наметне како важен дел од тимот.
