• Иван Димовски

Шекил Мекисик би можел да остане во европската кошарка и тоа во самиот „крем“.
Се споменуваше дека 34-годишникот ќе замине во спортска пензија, меѓутоа сега има сериозна опција да заигра за Монако. Европскиот вицепрвак е заинтересиран да го доведе американското крило во своите редови.
Оваа сезона Мекисик ја мина во редовите на Олимпијакос и настапи на 38 натпревари во Евролигата. На нив имаше просек од 7,6 поени, 2,1 скок и 1,6 асистенции.
Пред да дојде во Олимпијакос, Мекисик настапуваше за Бешикташ, Газиантеп, Гран Канарија, Автодор, Усак Спортиф и Песаро.