Разиграниот Серхио Љуљ го испрати Олимпијакос со „празни раце“ за Пиреја

Во петтото коло од ТОП 16 фазата на Евролигата, кошаркарите на Реал Мадрид во реприза од минатогодишното финале го совладаа Олимпијакос со 84-72 (17-19, 24-16, 22-13, 21-24).

Во првата четвртина се играше изедначено, без видлива предност на една од двете екипи. На одмор гостите заминаа со 17-19. Во продолжението во 16. минута по тројката на Хакет за првпат Грците се одлепија на +4 (29-33). По тајм-аутот кој го повика Пабло Ласо, кошаркарите на Реал Мадрид се вратија како препородени и со серија 12-2 на одмор заминаа со +6 (41-35).

Во третата четвртина актуелниот европски шампион, продолжи во ист стил како што ја заврши втората. Благодарение на Чачо Родригез, кој беше незадржлив во тој дел со 9 поени, пред последните 10 минути домаќините имаа високи +15 (63-48). Во последниот период плејмејкерот Љуљ погоди две тројки во серија, за највисоки +19 (74-55). Во последните три минути домашните кошаркари се опуштија, па гостите намалија на подносливи и конечни 84-72. Најефикасен кај Реал Мадрид беше Љуљ со 18 поени, а Рејес, Серхио Родригез и Густаво Ајон постигнаа по 11. За гостите од Пиреја, Хантер и Хакет запишаа по 14 поени.

Во наредното коло Реал Мадрид ја пречекува Лаборал Куча, а Олимпијакос излез од лошата серија, ќе бара против Химки на домашен терен.