Расте легендата на Леброн: Има повеќе финалиња од 27 НБА екипи

Леброн Џејмс финале

Леброн Џејмс покажа дека сè уште е на врвот на НБА лигата и ја однесе екипата на Лос Анџелес Лејкерс во големото финале.

„Езерџиите“ не ја направија истата грешка како Јута и ЛА Клиперс и ја завршија работата, откако стигнаа до 3-1 во дуелот со Денвер Нагетс. Ова ќе биде прво појавување во финалната серија за славната франшиза по цела деценија

Првата ѕвезда на Лејкерси ќе го игра своето десетто финале и ќе се обиде да го освои четвртиот шампионски прстен. Дека се работи за жива легенда на кошарката покажува податокот дека „кралот“ има повеќе настапи во завршната серија за титула од дури 27 НБА тимови.

Четири пати го водеше Кливленд на чекор од престижниот трофеј, а со Мајами тоа го направи во пет наврати. ЛА Лејкерс е трета екипа со која Леброн ќе се обиде да се искачи на врвот на најсилната кошаркарска лига на светот.

Тој е веќе третиот играч во историјата со најмногу настапи во финалето (10) по Бил Расел (12) и Сем Џонс (11), двајцата со Бостон Селтикс, и се израмни на Џабар (10), кој играше во Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс.