• Иван Димовски
Денвер Нагетс има високи амбиции за следната сезона и напад на шампионската титула, но почетокот на летниот период не им оди според очекувањата. Расел Вестбрук реши да ја активира клаузулата за излез од договорот и да си замине од тимот.
Искусниот плејмејкер имаше рок до 30 јуни да одлучи за својата иднина, а на крајот се определи да ги смени клупските бои. Во Денвер остави мешани впечатоци, иако често беше непостојан и имаше неколку клучни промашувања во завршниците на натпреварите, сепак важеше за втората голема ѕвезда покрај Никола Јокиќ.
Раководството на Нагетси отворено посакуваше да го задржи во тимот, но Вестбрук веќе гледа кон нова средина и нов предизвик.
За иднината на Вестбрук постојат повеќе можности, а дури се споменуваше и преод во Европа.