Расел Вестбрук ќе остане во ЛА и ќе добие 47,1 милиони долари

Вестбрук

Поранешниот МВП играч во НБА лигата, Расел Вестбрук, ќе ја искористи опцијата за да остане уште една сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

Неговиот агент ги подготвил документите со кои ќе обезбеди 47,1 милиони долари за својот клиент по сезоната 2022/23. Специјалистот за „трипл-дабл“ е на мета на американската јавност, која го осудува начинот на кој што игра во последните неколку сезони. Поради тоа постојано се пишуваше дека франшизата од Калифорнија ќе се обиде да се ослободи од него и дека ќе го испрати на друго место.

33-годишникот пристигна во Лос Анџелес за да формира трио со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Очекувањата на фановите беа високи, но тимот не успеа да се пласира ниту во плеј-офот на крајот од сезоната.