• Иван Димовски
Денвер Нагетси договорија и ангажираа големо засилување за следната сезона во НБА лигата.
Нов член на шампионот од пред две сезони е Расел Вестбрук. Искусниот плејмејкер потпиша договор на две години и ќе заработи нешто помалку од седум милиони долари. Во ветеранот Денвер гледа добар организатор на играта кој ќе внесе искуство и ќе може да помогне за тимот пак да се бори за трофејот.
Минатата сезона Вестбрук играше на 68 натпревари во лигата за Лос Анџелес Клиперс со просек од 11,1 поен. Потоа беше дел од трејд со Јута, меѓутоа овој договор беше прекинат и тој слободно се пресели во Колорадо.