Мамузиќ ќе го облече дресот на Струмица, доаѓа и Турчин

Екипата на Струмица во новата сезона ќе има можност да се надигрува со најдобрите во македонската Прва лига.

Новиот прволигаш го гради ростерот, пред почетокот на сезоната. Последното засилување е Ранко Мамузиќ, кој доаѓа од редовите на Работнички.

Се работи за кошаркар кој игра на бековските позиции. Има 24 години и во изминатите години бил дел од екипите на МЗТ Скопје, Кожув, МЗТ Скопје Уни Банка, Еуро Никел и Работнички.

Покрај Мамузиќ, во тимот доаѓа и Ефе Бесок, 25-годишно ниско крило од Турција. Има настапувано за повеќе турски екипи, меѓу нив Тофаш, Турк Телеком, Ајфон...

Струмичани во првото коло ќе бидат домаќини токму на поранешниот тим на Мамузиќ, Еуро Никел.