ФОТО: Раководството на КФСМ на трибините во „Градски парк“ за дербито

Фортуната посака „вечното дерби“ на македонската кошарка да се игра уште на стартот, во првото коло, па така Работнички во салата „Градски парк“ го дочека МЗТ Скопје Аеродром. 

Иако воочи овој викенд беа донесен протокол за натпревари поради кој беа одложени дуелите организирани од ФФМ и РФМ, кошаркарската лига започна според планот. 

На трибините во „Градски парк“ според протоколите не е дозволено присуство на публика, па освен клупските управи, на трибините се појави и раководството на КФСМ. Дербито на отворањето од сезоната во живо го следеа Перо Антиќ, Тодор Гечевски и Владимир Георгиевски.