• Иван Димовски
Македонскиот стратег Емил Рајковиќ слета во Москва и веднаш беше дочекан од екипа на ЦСКА. Во новата авантура нашиот тренер ќе тргне преку подготовките, а веќе денес е закажано и официјалното претставување.
Рајковиќ откако пристигна во Москва, веднаш имаше кратко обраќање до фановите. Тој нагласи дека му е чест што ќе биде дел од гигант како ЦСКА.
„Почестен бев, но не и изненаден, бидејќи ова беше процес. Веќе имавме разговори со менаџментот. Горд сум и ова е голема чест за мене. Исто така и шанса, да работам со еден од најдобрите клубови на светот. Ќе биде предизвик и чест да бидам дел од ЦСКА. Сакам да ги повикам фановите да нè поддржат и заедно да се радуваме.
Се надевам дека оваа година, ќе покажеме кошарка која ќе биде интересна за фановите, но и ќе ја вратиме титулата во клупските витрини“, изјави Рајковиќ.
- Видео прилог од пристигнувањето на Рајковиќ:
ЦСКА Москва во новата сезона нема да се натпреварува во Евролигата, меѓутоа на домашно тло мора да се докаже одново, бидејќи годинава го загуби тронот од Зенит.
За Рајковиќ, рускиот гигант ќе биде врв на досегашната кариера. Досега 43-годишникот ги водеше Карпош Соколи, Фени Индустри, Работнички, МЗТ Скопје во Македонија, а во странство работеше во Сласк, Стал Остров и Астана.