Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје, откази и за Мејси и Томас!

Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје откако по вечерашниот пораз од Цибона со 85-89 си поднесе неотповиклива оставка, која експресно беше прифатена од управата на клубот. Веќе поранешниот тренер на клубот исто така откри дека уште пред вечерашниот дуел клубот им врачил откази на Мејси и Томас.

„Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекор можеби ќе биде подобар и за клубот и за мене“, изјави Рајковиќ на прес-конференцијата по средбата со загрепчани.

Следниот предизвик за МЗТ Скопје е веќе во среда кога во рамките од  Еврокупот му гостува на Лиеткабелис во Литванија, меч на кој екипата ќе биде предводена од досегашниот помошник Александар Јончевски.