Рајковиќ остана без важен играч: Црвена Звезда го врати Давидовац

Српскиот кошаркарски првак Црвена Звезда почна да се екипира за сезоната која следи и донесе познато име во своите редови.

Во таборот на „црвено-белите“ се враќа 28-годишниот Дејан Давидовац. Репрезентативецот на „орлите“ беше дел од руска ЦСКА Москва каде тренер е македонскиот стратег Емил Рајковиќ и тој ќе мора да бара алтернатива за него затоа што се работеше за важен играч во мозаикот на „армејците“.

За Давидовац ова ќе биде втора авантура во Црвена Звезда откако претходно дресот на белграѓани тој го носеше од 2015 до 2022 година. Покрај за ЦСКА Москва, Давидовац настапуваше и за Пролтер Нафтагас, Вршац Свислајон и ФМП.