Рајковиќ и официјално нов тренер на Астана

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и официјално во новата сезона ќе биде нов тренер на кошаркарскиот клуб Астана од Казахстан

По одличната работа во полски Стал Остров, Рајковиќ се одлучи да се проба во казахстанскиот шампион, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите на Азија, како и во ВТБ-лигата, каде се се судри со руските гиганти ЦСКА, Уникс Казан, Локомотив Кубан

39-годишниот стратег на клупата на Астана ќе го замени Гркот, Костас Флаверакис, кој иако бележеше успеси, не ја доби потребната доверба од раководството на клубот. 

Рајковиќ својата тренерска кариера ја започна уште во 2005 година, како предводник на Тоа Сум Јас, а потоа ги тренираше тимовите на Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје, од нашата земја, како и полски Сласк.