Рајковиќ: Голема е честа, но и одговорноста да се биде тренер на толку славен клуб

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и официјално застана на чело на ЦСКА Москва, откако раководниот тим на кошаркарската секција на „црвената армија“, Андреј Ватутин го потврди договорот со македонскиот тренер:.

„Голема е честа, но, истовремено, голема и одговорноста да се биде главен тренер на еден толку славен клуб со голема историја како ЦСКА, особено во пресрет на 100-годишнината. Многу сум горд на поканата и ја ценам довербата на управата на ЦСКА и сопствениците на клубот, компанијата „Норникел“. Заедно ќе работиме со голема посветеност, за да се осигураме тимот да игра модерна и спектакуларна кошарка која ќе биде интересна за нашите навивачи. Воедно, ќе се фокусираме на победа на секој натпревар и ќе ги развиваме нашите играчи за да го достигнат својот полн потенцијал“, гласат првите зборови на Рајковиќ како тренер на поранешниот освојувач на Евролигата.

43-годишниот Рајковиќ во кариерата раководеше и со казахстанска Астана, полски Стал и Сласк Вроцлав, како и домашните МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри и Тоа Сум Јас.