Раиесте неизвесен, Естонците треперат за најдобриот кошаркар пред „балонот“ во Перм

Естонија ќе го комплетира квалификациите за Евробаскетот со 15 играчи. Јука Тоијала го објави списокот за Перм, а ќе го чека искусниот Раиесте. Селекторот Јука Тоијала се одлужи за композиција со 15.кошаркари, а до последен момент верува дека ќе го има на располагање и Сандер Раиесте

Неивесноста за настапот на играчот на Басконија ќе потрае, особено ако се земе в предвид дека Раиесте има обврски кон клубот од Баскија. За време на одржување на „балонот“ во Перм, Раиесте има обврски со неговиот клуб во Евролигата. Односно Басконија има закажан натпревар со екипата на Химки.

Во Русија сигурно нема да патуваат Слим Сандер Вене, Мартин Пасоја, Кристијан Кицинг и Слим Маркус Пост. Кер Крииса е во Соединетите Американски Држави, без дозвола од Универзитетот Аризона да го ослободи за февруарскиот „прозорец“. Здравствени проблеми има и Сајмон Сут.

Естонија ќе одигра три натпревари во Перм. Прво, на 19 февруари, против Италија, на 21 февруари е дуелот со Русија, а еден ден подоцна е веројатно и решавачкиот меч, против нашиот национален тим. 

На списокот на нашиот најголем ривал за обезбедување место на Евробаскетот се најдоа: Кристиан Куламае, Стен-Тиму Сок, Раит-Риво Лане, Март Росентал, Раин Веидеман, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Јанари Јесар, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Крегор Хермет, Каспар Треиер, Рауно Нургер, Маик-Калев Котсар, Микел Кирвес.