Радуловиќ прозиваше, КК Вардар ги започна подготовките

Кошаркарскиот клуб Вардар вчера попладне ги „запали моторите“, На првиот собир на вардарци во малата сала при СРЦ „Кале“, тренерот Дарко Радуловиќ ги започна подготовките за втората прволигашка сезона по ред.

Минатата сезона „црвено-црните“ обезбедија опстанок во елитата, а истата цел е поставена и за сезоната 2019/20. Тимот е пополнет со македонски млади кошаркари, засилени со некое интернационално име во составот.

Со оглед на тоа што преостануваат уште шест недели до почетокот на шампионатот, управата на Вардар ќе доведе уште неколку засилувања како би бил компетитивен. Впечаток е дека сезонава шампионатот ќе биде силно компетитивен и борбата за секое место ќе биде пеколна.

Наскоро Кошаркарската федерација ќе го објави календарот за сезоната која почнува во втората половина на октомври.