• Зоран Мишевски

МЗТ Скопје вечерва ја оствари четвртата победа по ред во АБА2 лигата, вкупно петта сезонава.
Последна жртва на „металците“ беше сараевски Спарс, кој е совладан со 88-77, а тренерот Дарко Радуловиќ е задоволен од изданието на кошаркарите кои турнирот во Сараево го играат перфектно.
„Можеби и шутот за три поени е клучот за победата, но решивме многу ситуации и под кошот. Сепак, ние сме путерска екипа и тој шут за три поени е важно „оружје“. Спарс беше добро спремен, противникот одигра машки и сакам да им честитам за натпреварот.
Не постигнавме ниту еден поен од транзиција, што е наша одлика во играта. И скокот ни беше проблем вечерва. Но, генерално ја имавме контролата и заслужено победивме“, рече Радуловиќ.
Ако в сабота го победат Ловќен, „металците“ ќе заокружан втор „балон“ со максимален учинок и ќе ја наметнат кандидатурата за највисок пласман и промоција во АБА лигата.