Радуловиќ: Покажавме ново лице, но за жал не ни беше доволно

МЗТ Скопје застана во плеј-офот и ќе продолжи да сонува за кам-бек во АБА-лигата каде играше до пред неколку сезони. Овој пат пречка на аеродромци на патот кон елитата беше Младост, против кого се славеше во вториот меч (92-86), но беше недоволно за да се надополни негативата од првата средба.

„Лошо го почнавме и овој натпревар и мислам дека тука некаде ни завршија надежите и шансите за кам-бек во овој двомеч. Многу кошеви примивме во првата четвртина, во втората се вративме, ама немавме капитална предност на која може да се надеваме. Покажа Младост дека е одлична екипа, им го честитам пласманот во полуфинале. За нас, можам да кажам дека покажавме карактер и дека она во првиот меч не беше вистинското лице на МЗТ, ама, за жал, не беше доволно“, изјави тренерот Дарко Радуловиќ.

Аеродромци сега се фокусираат на домашната сцена, каде ги чека битка за титулите.