Радуловиќ е замената на Кочов на кормилото на КК Вардар

По заминувањето на Ѓорѓи Кочов во редовите на МЗТ Скопје, каде ќе ја има функцијата помошник тренер, денес раководството на кошаркарскиот клуб Вардар го назначи Дарко Радуловиќ, за нов предводник на „црвено-црните“. 

Своевремено, кошаркаркот на Работнички, МЗТ Скопје, Николферт, Куманово, Кожув, Фени Индустри, зад себе нема некое големо тренерско искуство. Се работи за надежен стратег, кој претходно беше тренер во младинската школа на Вардар, односно помошник на селекторот до 20 години, Мирко Петрески. 

Радуловиќ и Вардар не потпишаа обврзувачки договор, што значи дека резултатите ќе бидат главниот фактор во престојот на младиот стратег во „црвено-црниот“ тим.