Радоњиќ и Панатинаикос преговараат за спогодбен раскин на договорот

Tренерoт на Панатинаикос, Дејан Радоњиќ, преговара за раскин на договорот со клубот од Атина, пренесуваat грчките медиуми. Радоњиќ наскоро би требало да добие отказ, но двете страни во моментов преговараат за условите за раскинување на договорот. Новинарот Георги Закас тврди дека поразот на Панатинаикос во полуфиналето на Купот на Грција од Олимпијакос (81-65) бил „капката која ја прелила чашата“.  

„Разговорите за раскин на договорот веќе почнаа, но Радоњиќ бара од Панатинаикос да му ја исплати целата плата за оваа и за следната сезона, која е околу 1,2 милиони евра. Раководството на Панатинаикос му понудило на црногорскиот тренер да му ја исплати целата плата за оваа сезона, како и поголем дел од платата за 2023/24 година“, изјави Закас.

Грчка „Газета“ наведува дека Радоњиќ го загубил авторитетот во соблекувалната, бидејќи неодамна имал конфликт со Двејн Бејкон. Панатинаикос моментално е 16-ти во Евролигата со 8 победи и 16 порази. Клубот од Атина е на второто место на табелата во грчкото првенство зад Олимпијакос со 13 триумфи и два порази. Грчките медиуми потсетуваат дека раководството на Панатинаикос пред почетокот на сезоната инвестирало околу 14 милиони вра во тимот, но резултатите изостанале, поради што разделбата со Радоњиќ е неизбежна.