Радоњиќ и официјално нов тренер на Баерн Минхен

Црногороскиот тренер Дејан Радоњиќ и официјално е замената на Александар Ѓорѓевиќ на клупата на германскиот кошаркарски клуб Баерн Минхен

Пред неколку дена како гром од ведро небо одекна одлуката на баварскиот клуб да му врачи отказно решение на српскиот селектор, бидејќи под негово водство оваа сезона тимот е на прагот да ја симне Алба Берлин од тронот и да ја освои шампионската титула во домашното првенство. 

Со Радоњиќ е постигнат договор, кој ќе има важност до завршувањето на оваа сезона, а потоа повторно ќе се седне на маса и ќе се преговара за евентуално продолжување или разделба. Некогашниот предводник на Црвена Звезда веќе го одработи првиот тренинг, а на клупата на новиот тим ќе дебитира в среда на мечот против Улм