Работнички во „Градски парк“ го скроти тимот на Бол

Македонскиот кошаркарски првак Работнички одигра пријателски натпревар против кошаркари од „Џеј-Би-Еј“ - јуниорската кошаркарска лига од САД и успеа да слави со 127-122, во натпревар во кој играше со комбиниран состав.

Центарци на овој меч беа без Чековски и Мираковски, но добро се држеа со кошаркарите од САД и тим кој е формиран од Лавар Бол, бизнисмен и татко на познатиот кошаркар од ЛА Лејкерс, Лонѕо Бол.

Работнички уште на стартот отвори со одлични 41-17 и најави солиден меч. Гостинот од САД за првпат во еден квартал успеа да даде само 17 поени. Во финишот, тимот на Бол се врати на 118-118, но следеше тројка на Караџовски за 121-118, а мечот беше решен со слободните фрлања на Николовски, како и еден атрактивен цепелин на Чавдар Костов и Бојан Крстевски.

Од браќата Бол, на овој меч настапи само Лианџело, додека ЛаМело го пропушти дуелот поради повреда.