Работнички во една четвртина расипа сè што градеше дотогаш и загуби од Широки

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, им се врати на поразите во АБА2 лигата и значително ги намали шансите за место во разигрувањето за пласман во елитното регионално натпреварување. Во првиот денешен натпревар од втората АБА лига, „центарци“ загубија од директниот ривал за плеј-оф Широки Бријег со 106-77.

Нашиот претставник кој во претходното коло ја прекина низата порази и славеше над Сараево, две четвртини играше рамо до рамо со фаворизираниот противник од Босна и Херцеговина, но во третиот квартал сè се распадна и Широки влезе во ритам кој беше недостижен за момците на Мираковски. 

На полувреме се замина со минимална предност на „центарци“, откако во првите 10 минути стигна до 17-18, додека вторите завршија исто така со позитива на нашиот тим (18-19). Но, во третата четвртина на терен како да истрча некој нов Широки Бријег, кој со 41 постигнат поени (18 примени) се избори за убедлива предност, која на крај му донесе голема победа од 29 разлика.

Во таборот на Работнички најпрецизни беа Балмазовиќ и Питс со по 22 поени, колку што постигна и Томас од редовите на босанскиот тим.