Работнички со американско засилување од Џи-лигата ќе ја брани домашната титула

Пред самиот крај на преодниот рок, екипата на Работнички успеа да ги засили своите редови со уште еден кошаркар во пресрет на натпреварите од Суперлигата кои почнуваат претстојниот викенд.

Нов член на шампионот е Ксавиер Џонсон, американски кошаркар кој ја покрива позицијата крилен центар, а доаѓа од екипата на Тексас Леџендс во Џи-лигата.

201-сантиметар високиот Џонсон во редовите на Работнички доаѓа како замена за Кирил Николовски, кој пред извесен период се здоби со незгодна повреда и до крајот на сезоната нема да биде во стројот на тренерот Марин Докузовски. 

Џонсон е втор странец во тимот од „Градски Парк“, покрај бугарскиот репрезентативец и еден од најдобрите кошаркари на тимот, Чавдар Костов.