• Горан Упале
Кошаркарите на Работнички запишаа уште еден убедлив пораз во АБА2 лигата. Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив одново ги разочара своите фанови и доживеа нов срамен удар во второлигашкото друштво, откако од гостувањето кај Босна се враќаат со наведната глава и пораз од 84-58.
За центарци ова беше четврти неуспех од четири одиграни натпревари и веќе ги загуби сите шанси за понатамошен пласман. Босна, пак, ги сочува шансите за елиминациона фаза и до крајот на групната фаза за првите две места ќе се бори со Сутјеска и Војдовина.
Прашањето на победникот во Сараево беше решен уште во првото полувреме. Во првите десет минути Работнички колку толку го следеше чекорот на противникот, но потоа следуваше целосен распад во играта на македонскиот тим. Босна одлично ја искористи својата шанса и со 21-5 во втората четвртина си обезбеди убедлива предност, која што беше недостижна за гостите од Скопје (41-25).
По паузата следуваа израмнети две четвртини, темпото на игра на домашниот тим спласна, а Работнички не успеа да го искористи ниту тои и да се избори барем за пристоен пораз. На крај Босна славеше со 26 поени разлика (84-58).
Најдобар поединец на паркетот беше Полутак со 19 поени, а за македонскиот тим се истакна уште Дубински со девет поени. Кај Босна прв стрелец беше Ковачевиќ со 16 поени.