„Нѐ напушти најголемиот играч, Работнички беше прва и единствена љубов за него“

Спортската јавност во Македонија беше погодена од несреќата која му го одзеде животот на Благоја Георгиевски - Буштур. Кошаркарската легенда доби последни поздрави од голем дел екипи, огранизации и спортисти во земјата, но и надвор од неа. 

Меѓу нив се најде и тимот во кој Буштур ја мина целата кариера, скопски Работнички, кој на својот профил напиша порака до трагично загинатата легенда. 

„Нѐ напушти најголемиот ... нѐ напушти единствениот репрезентативец на Бивша Југославија. Не напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур, Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе ... искрено сите фанови и симпатизери на Работнички“, напиша тимот на Фејсбук. 

Георгиевски беше можеби и најистакнатиот македонски кошаркар, а со селекцијата на Југославија има сребрени медали од Европско првенство и Олимпијада, а златен медал од Балканијада.