Работнички се засили под кошевите, Младеновски се врати во „Градски Парк“

Македонскиот кошаркарски вицешампион, Работнички, еден ден по стартната победа во новата сезона Првата лига доведе големо засилување меѓу кошевите. 

По пауза од шест години во редовите на тимот од „Градски Парк“ се враќа Љубомир Младеновски. Одличниот центар својата професионална кариера ја започна токму од Работнички, за потоа долго време да го носи дресот на МЗТ Скопје. По завршувањето на ланската сезона шампионот направи сè за да го задржи, но Младеновски беше решителен дека сака кариерата да ја продолжи во странство. 

Но, откако не успеа да најде соодветен ангажман надвор од Македонија, 24-годишниот кошаркар потпиша отворен договор со Работнички до крајот на оваа сезона, но доколку пронајде ангажман во странство ќе мора да биде ослободен.