Работнички се засили од САД и Цибона, три нови имиња во ростерот на Мираковски

Во пресрет на продолжението на Првата лига, екипата на Работнички доведе три нови имиња и значително го засили својот ростер.

Откако беше јасно дека нов член на Работнички ќе биде Мирко Мулалиќ, најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата земја договори уште две засилувања. Едното доаѓа од САД, се работи за Рајнер Торнтон (25) кој игра на крилната позиција и во „Градски Парк“ се сели од  Универзитетот Мемфис. 

Последното засилување доаѓа директно од Цибона, а тоа е Филип Бундовиќ, кој треба да ја пополни празнината која што ја остави Дешон Вашингтон. Работнички покрај домашните обврски во Првата лига и Купот на Македонија, оваа пролет ќе води битка и во АБА 2 лигата.