Работнички пак пазари од Куманово, Јанески доаѓа во „Градски парк“

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив и актуелен првак, екипата на Работнички, договори ново име во своите редови и в година во тимот ќе го има Марјан Јанески.

Искусниот Јанески долги години беше лидер на Куманово. Во тимот играше седум години, но реши да бара нов предизвик. Нова средина ќе му биде Работнички, чии бои се обврза да ги брани во наредната сезона.

Гостиварчанецот кој има 30 години покрај за Куманово за кој настапуваше од 2011 година, беше дел и од МЗТ Скопје, Торус и Гостивар, а мина една сезона и во таборот на центарци.

Јанески е третиот кошаркар од Куманово кој се сели во Работнички, по Димитар Караџовски и Бобан Стајиќ.