Работнички пак го „уништи“ Куманово и врза три победи во Прва лига

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со одличните резултати во последниот период и врзаа три победи во Првата лига, откако на гости кај Куманово славеа со 54-82.

„Центарци“ повторно му нанесоа висок пораз на традиционалниот ривал, речиси идентичен како оној во Скопје од пред неколку месеци, кога најтрофејниот славеше со 36 поени разлика. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Работнички:

Кумановчани беа достоен противник само во првото полувреме, во кое го следеа чекорот на фаворизираниот противник и на полувреме имаа негатива од само шест поени, но потоа сè се распадна во домашниот табор. Работнички искусно го искористи тоа, Џелатовиќ влезе во фантастична серија и прашањето на победникот веќе беше решен. По третата четвртина резултатот беше 40-56, а во финалните десет минути Работнички удри уште посолно и на крај заслужено славеше со високи 28 поени разлика.

Џелатовиќ со „дабл-дабл“ учинок од 30 поени и 11 скока беше најзаслужен за славјето на Работнички, додека на спротивната страна се истакна Адеунми со 16 поени.

Колото продолжува утре со дуелот Кожув - Пелистер, а в понеделник ќе заврши со дуелот Еуро Никел 2005 и МЗТ Скопје