Работнички остана без сили и со дебакл ја отвори АБА 2 сезоната

Кошаркарите на Работнички со убедлив пораз кај Студентски Центар (98-69) ја отворија новата сезона во АБА2 лигата.

  • Потег на натпреварот: 

Само два дена по гостувањето кај Кожув, избраниците на Димитар Мираковски немаа сили да му се спротистават на црногорскиот претставник.

Сите четвртини завршија во корист на домашниот тим, кој уште на стартот обезбеди солидна позитива и си ја олесни задачата во пресрет на остатокот од мечот.

Славковиќ беше расположен за надигрување и беше најголема закана за македонскиот клуб. Студентски Центар побегна на двоцифрена предност на полувреме (47-33) и не погледна назад.

Работнички во ниту еден момент не беше вистинска закана за противникот. Изгледаше како спаринг партнер, па до крајот се чекаше само конечниот резултат кој ќе се прикаже на семафорот.

  • Извештај од натпреварот: 

Славковиќ со 18 и Маги со 12 поени беа најефикасни кај победникот, а кај Работнички се истакнаа Вашингтон со 17 и Николовски со 16 поени.