• Иван Димовски

Кошаркарите на ТФТ Скопје дури во последната четвртина го скршија отпорот на Работнички и славеа со 83-63 во второто коло на Суперлигата. Иако најтрофејниот во првенството играше со само седум кошаркари поради проблемите со регистрација на странците, сепак парираа долго и не се предадоа до пред финишот.
- Комплетниот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Работнички:
На почетокот по израмнетата игра следуваше доминација на ТФТ кој успеа да поведе и двоцифрено. Првата четвртина заврши со домашна предност од 24-13. Во втората тимот од Тафталиџе поведе и со +14, меѓутоа потоа се опушти. Мотивираниот Работнички знаеше да го искористи тоа и се врати во натпреварот. Најблизу стигнаа до „минус четири“, а на полувреме се замина со 42-36.
ТФТ повторно се наметна во продолжението, имаше сè во свои раце и предноста варираше од седум до 11 поени. Работнички загуби чекор во завршницата и ривалот го искористи тоа, се одлепи и на крајот убедливо победи.
Најефикасен играч на натпреварот беше Виктор Ефремовски со 25 поени, додека во победничкиот табор се истакна Џастин Гордон со 22.








