Работнички не го дава капитенот, нов договор за Виктор Ефремовски!

Македонскиот суперлигаш Работнички го продолжи договорот со капитенот и еден од најдобрите поединци во екипата, Виктор Ефремовски. 

Плејмејкерот имаше одлична сезона зад себе, беше лидер на тимот и просечно бележеше 22,2 поени во македонското првенство, додека во АБА2 лигата имаше просек од 11,2 поени за 26 одиграни минути во сезоната 2024/25. 

Во 2018 година беше прогласен за најдобар млад кошаркар од Кошаркарската федерација на Македонија, а потоа прерасна во еден од највпечатливите играчи на домашната сцена. 

Ефремовски веќе 13 години е важен дел од националниот тим на Македонија во сите категории.