• Горан Упале

Кошаркарите на Работнички со сигурна победа го започнаа плеј-аутот во кошаркарската Суперлига и пред својата публика со 93-83 го совладаа градскиот ривал Феникс.
- Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Феникс 2010:
Најтрофејниот одигра квалитетен и сигурен натпревар, во кој уште од самиот старт ја наметна својата игра и не му дозволи на противникот да се врати резултатски. Првата четвртина беше најефикасна, а домашниот тим ја доби со 26-21, поставувајќи го темпото на играта.
Во втората четвртина Работнички продолжи со стабилна игра на двете страни од теренот и дополнително ја зголеми предноста, добивајќи ја со 18-14, за водство од 44-35 на полувремето. По паузата, домашните не дозволија пад во играта, туку напротив. Во третата четвртина повторно беа подобар противник и со 25-20 ја одржаа контролата врз резултатот, но неочекувано следуваше голем пад во играта во последниот период. Феникс се врати на само два поени негатива (75-73), но потоа следуваше нов налет на Работнички за победа од 93-83.
Најпрецизен кај победничкиот тим беше Ефремовски со 28 поени, а Рикиќ имаше 22. За Феникс се истакна Рахама со 20 постигнати поени.






