Работнички ќе му биде домаќин на Гостивар во Куманово

Македонскиот кошаркарски првак Работнички најде нова сала како алтернатива за домашните мечеви и следниот дуел против Гостивар ќе го игра во северот на нашата држава.

Центарци во наредното коло ќе играат против Гостивар, а досега праксата беше да се игра во салата „Младост“. Но, тоа за гостиварчани би бил „домашен“ дуел, па затоа Работнички наредниот дуел ќе го игра во Куманово.

Работнички врза две победи во низа, а во наредниот меч влегува со доза на претпазливост затоа што Гостивар за многумина оваа сезона се покажа како „тврд орев“.

Натпреварот меѓу Работнички и Гостивар ќе се игра на 15 мај.