Работнички ја засили центарската позиција со уште едно странско име

Во пресрет на новата кошаркарска сезона, во која ќе се натпреварува само на домашна сцена, екипата на Работнички доведе уште едно ново име во своите редови. 

Нов член на најтрофејниот кошаркарски колектив е српскиот интернационалец Милош Мацура. 31-годишниот кошаркар ќе ја засили конкуренцијата под кошевите, а на својот багаж има големо искуство играјќи во Европа и Соединетите Американски Држави.

Кошаркарската игра ја научи преку барата, во универзитетот во Тревека кој тогаш се натпреваруваше во Втората дивизија во НЦАА-лигата, а на стартиот континент ги носеше дресовите на Младост Земун, шпанска Гвадалахара и Баја Маре во Романија.

Мацура е второ центарско засилување на Работнички ова лето, откако претходно договорен беше потписот на босанскиот џин Недим Мустафица.